Зајцев: ЕУ да се откаже од неоколонијалните амбиции кон Западен Балкан

Од:

Русија ја повикува Европската унија да се откаже од своите „неоколонијални амбиции“ и да се придржува до еднаков пристап, темелен на почитување на земјите од Западен Балкан, изјави денеска заменик-портпаролот на руската Министерството за надворешни работи, Алексеј Зајцев.

Тасс пренесува дека Зајцев реагира на изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој по средбата со косовскиот премиер Албин Курти, кажа дека „Западен Балкан и припаѓа на Европа“ и дека во иднина ќе стане дел од Европската унија.

Тој кажа дека претставниците на ЕУ со вакви необврзувачки изјави се обидуваат да ги охрабрат земјите од Западен Балкан, кои се повеќе се разочарани од доцнењето на процесот на приближување кон ЕУ.

-Германија и другите земји на ЕУ, кои се чини дека ги заборавија лекциите од историјата, продолжуваат да го гледаат Западен Балкан како сфера на нивните ексклузивни геополитички интереси и го третираат како свој двор, додека ја обвинуваат Русија дека сака да воспостави свои зони на влијание во Европа, рече Зајцев.

Рускиот дипломат додаде дека Москва во неколку наврати ја осудуваше „подлата пракса“ на користење на аспирациите на земјите од регионот кон членство во ЕУ за „очигледна уцена, нелојална конкуренција и истиснување инвестиции“ на земјите кои не се членки на ЕУ, што навистина придонесува за социјално економски раст и стабилност на Западен Балкан.

Тој рече дека, под изговор дека ја следат политиката на Брисел, балканските народи биле принудени да ги поддржат антируските санкции и се соочуваат со вештачки избор меѓу ЕУ или Русија, при што никој не им гарантира членство во ЕУ во догледна иднина.

-Ја повикуваме Европската унија да се откаже од своите неоколонијални амбиции и да се придржува до еднаквиот пристап темелен на почитување на соседните земји, вклучително и Западен Балкан, рече Зајцев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија