Зајберт: Меркел има право да ги истакне разликите со САД

Од:

Портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт денеска изјави дека канцеларката Ангела Меркел е длабоко убеден „атлантист“, која чувствува дека има право да ги истакне разликите во германските врски со САД, со цел да се задржат здравите меѓусебни односи.

Зајберт на денешната прес-конференција одговараше на прашања поврзани со вчерашната изјава на Меркел во која таа имплицираше дека по изборот на Доналд Трамп за американски претседател и по заминувањето на Лондон од ЕУ, САД и Велика Британiја не се партнери на кои може да се потпре Европа.

– Зборовите на канцеларката говорат за себе, тие беа јасни и сеопфатни. Тој што ги изговори е дабоко убеден „атлантист“, изјави Зајберт.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Берлин, Меркел има право да го искаже своето мислење за разликите со своите партнери затоа што трансатланските релации се премногу важни за неа.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро