Захарова „збесна“ после изјавата на Стуб за Русија: „Не знам како Финците сè уште го толерираат“

Од:

Изјавите на финскиот претседател Александар Стуб за „победата“ над СССР во 1944 година се опскурантизам, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, прашувајќи се како е можно „Финците сè уште го толерираат“. Захарова ги даде овие забелешки во интервју на маргините на Источниот економски форум, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

Реакцијата на Москва дојде откако Стуб во интервју за „Економист“ изјави дека Финска ја добила војната со Советскиот Сојуз во 1944 година затоа што успеала да ја зачува својата независност.

„Погледнете ги изјавите на Стаб, претседателот на Финска. До што дојде? Дека тие, Финците, не знам како Финците сè уште го толерираат, склучија договор со Русија, со Советскиот Сојуз, во 1944 година, а сега веќе дојде до точка дека Финска наводно извојувала победа над Советскиот Сојуз во 1944 година. Ова е генерално некаков опскурантизам, тоа е исто како да се каже дека два пати два е четириесет и осум, разбирате?“ – рече дипломатот.

Захарова додаде дека ваквите изјави се дозволени затоа што „денес тоа е посакувано“.

„Двапати го потсетивме што всушност се случи во 1944 година. Во 1944 година, Финска едноставно се откажа од својата поддршка за нацизмот и хитлеризмот и ги насочи своите бајонети против нив“, продолжи таа.

„Ако, под можноста за договор со Русија, го разгледуваат овој концепт – ве молам, нека почнат да се борат против режимот во Киев како вистинско продолжение на идејата за нацизам и хитлеризам. Ова е добра можност да се движиме кон некаков контакт со Русија“, заклучи таа.

Би можело да ве интересира

Реакција на рускиот предлог за средба со Зеленски: Путин продолжува да ги лаже сите, нуди неприфатливи предлози

А1он

Се пожали на руската ароганција: Зеленски најавува „асиметричен одговор“ кон Русија

Апел на Трамп до ЕУ: Не купувајте руска нафта

Лавров ги кажа руските „црвени“ линии за мир во Украина

Нов руски напад врз Украина, тревога во Полска и НАТО командата

Песков: Земјите од ЕУ не разбираат што се случува во светот