Захарова: НАТО се меша за да спречи соработка меѓу Русија и Белорусија

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека ефекасната соработка меѓу таа земја и Белорусија не се вклопува во плановите на НАТО.

Реагирајќи на изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во која тој изрази загриженост за соработката меѓу Москва и Минск, таа на својот канал на Телеграм објави дека Западот жестоко се пресметува со Белорусија затоа што „нормална ефикасна соработка меѓу двете земји е не е дел од плановите на НАТО “.

„Постојано се меша во внатрешните работи на едната или на другата земја, или истовремено се меша во работите на обете, само за да се спречи природниот тек на заемно корисна интеграција“, изјави Захарова, пренесува ТАСС.

Коментирајќи ја подготвеноста на НАТО „да ја заштити секоја членка на Алијансата од заканите што ги носат Москва и Минск“, Захарова му посака добро здравје на шефот на НАТО, истакнувајќи дека тоа е „директно поврзано со надминување на старите фобии и ослободување од манијата на гонење“.

Таа изјави дека внатрешниот тероризам во САД е уште еден проблем што НАТО не го решава со децении.

– Тоа е она што земјите-членки мораат итно да го решат, а не лажните закани, рече Захарова.

Во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, Столтенберг изјави дека членките на НАТО се сериозно загрижени поради тесната соработка меѓу Москва и Минск во текот на изминатите месеци и додаде дека Белорусија „станува сè повеќе зависна“ од Русија.

Би можело да ве интересира

Пригожин не застанува со критики: „Факции во Кремљ ја уништуваат руската држава“

Ана Ололовска

Лукашенко: Направивме само една грешка, требаше да ја докрајчиме Украина пред девет години

Ана Ололовска

ВИДЕО: Жената која го обвини Бајден за сексуален напад пребега во Русија

Катерина Павлова-Николовска

Русија: Украина гранатираше пограничен град, оштетени згради, запалени возила…

Ана Ололовска

Медведев: Британија е вечен непријател на Москва

Ана Ололовска

Легија на слободата на Русија: Регрутираме илјадници за да ја нападнеме Москва

Ана Ололовска