А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Захарова: На европските елити им е потребен непријател за да ги оправдаат своите неуспеси

by А1он12/08/2025 - 11:02212
Share0

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека на европските елити им е потребен „непријател“ кого можат да го обвинат за своите проблеми и неуспеси.

Добивај вести на вибер

Според неа, против Русија е започната кампања за клевета, поттикната од постојани провокации, фалсификати и отворени лаги, со цел да се оправда агресијата и да се канализира негативноста што се акумулира во општеството.

„Во услови на акутна социо-економска криза, на современите европски елити им е витално потребен непријател на кого можат да ги обвинат сите свои проблеми и да ги отпишат своите неуспеси. Обидите за воспоставување антируска, русофобична матрица на свеста низ целиот свет продолжуваат и важно е да се разбере дека нејзиното воспоставување и промоција траат со векови“, рече Захарова во интервју објавено денес од рускиот портал „Експерт“.

Како што изјави таа, евроатлантските престолнини сè уште сонуваат да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија и се подготвени да направат сè за да ја исполнат оваа опсесија.

– Рацете на Западот го создадоа и го негуваа неонацистичкиот киевски режим, фиксиран на уништување на сè што е руско. Блицкригот против нашата земја не успеа, санкциите не успеаја, пумпањето оружје на киевските бандити не може да ја промени ситуацијата на фронтот, рече Захаров.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи оцени дека нејзината земја, откако го преживеа распадот на СССР и 1990-тите, ја врати силата и го пронајде својот глас на меѓународната сцена и дека, без причина, се најде вклучена меѓу „оската на злото“.

„Само затоа што се осмеливме да имаме свое мислење, да го браниме нашиот суверенитет и да ја кажеме вистината за убиствените авантури на Западот во Југославија, Ирак, Либија, Сирија, Украина итн. Милиони луѓе станаа жртви на овие злосторства. Тоа е факт. Но, ако ги слушате западните политичари, чии раце се до лакти во крв, и печатот што го контролираат, тогаш е како ништо да не се случило“, рече Захарова.

rusijaukrainazaharova

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кој е рускиот генерал кој беше застрелан денеска во Москва

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5906/02/2026 - 11:27

ББЦ: Украинците се смрзнуваат, „животот во Киев е ужасен“

Горан Наумовски05/02/2026 - 14:09

САД упатија предупредување до Русија

Горан Наумовски05/02/2026 - 14:09

Дмитриев: Наводните врски на Епстин со Русија се обид да се спасат корумпираните либерали

Горан Наумовски05/02/2026 - 14:09

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци

Горан Наумовски05/02/2026 - 14:08

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Горан Наумовски04/02/2026 - 22:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен