Захарова: Киев е исклучително агресивен и не е склонен да бара трезвени решенија

Од:

Москва темелно и внимателно ќе го проучи украинскиот нацрт-меморандум за идниот мировен договор, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Русија одговорно ќе се однесува кон сите договори постигнати во Истанбул, додаде таа.

– Киев, како и досега, е исклучително агресивен и не е склонен да бара трезвени решенија – изјави Захарова на брифинг за медиумите.

Според неа, Киев направил пауза за да го разгледа рускиот нацрт-меморандум.

Таа истакна дека Киев, заедно со своите западни партнери, вложил многу напори за да спречи нова рунда преговори со Русија во Истанбул, извршувајќи, меѓу другото, терористички напади.

– Киев и неговите партнери од ЕУ вложиле многу напори за да спречат нова рунда преговори и мировен процес. Тие почнале да ги користат своите омилени терористички методи – рече таа.

Што се однесува до размената на тела, која беше договорена на разговорите на 2 јуни, тој процес наскоро ќе започне, додаде таа.

Зборувајќи за разговорите во Истанбул, Захарова истакна дека Владимир Зеленски „паднал во хистерија“ и си дозволил да дава груби коментари за руската делегација.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски