Финскиот претседател Александар Стуб оцени дека Европа постапува неодговорно со тоа што преговорите со Русија им ги препушта на Соединетите Држави.
„Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со Русија во име на Европа, а тоа го сметам за неодговорно“, изјави Стуб за британските медиуми.
Финскиот претседател нагласи дека европските лидери треба да стапат во директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин.
Стуб ги повика европските лидери да бидат реалистични и да сфатат дека не може да се постигне никаков договор без согласност на Русија.
На 27 октомври, финскиот претседател, заедно со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин.
Лидерите разговараа за Украина, како и за безбедноста во балтичкиот регион и во Северна Европа. Тие, исто така, го поздравија договорот за продолжување на трилатералните разговори – во кои учествуваат Русија, Украина и Соединетите Држави – во Абу Даби.
