Захарова ја обвини Германија за русофобија

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека плановите на германските власти да му забранат на рускиот амбасадор во Берлин да присуствува на церемонијата по повод 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија се израз на „отворена русофобија“ и покажуваат „знаци на неонацизам“.

Во коментар за рускиот весник „Известија“, Захарова реагираше на информациите во германските медиуми дека германското Министерство за надворешни работи размислува да му забрани на рускиот амбасадор да учествува на настан по повод Денот на победата над фашизмот, пренесе ТАСС.

„Германското Министерство за надворешни работи, кое дава такви инструкции, буквално се разоткри, откривајќи ја грдоста на русофобијата и знаците на неонацизмот“, оцени Захарова.

Таа додаде дека ова е „обид да се избрише историската меморија“ и политичка одлука која има сериозни морални последици.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко претходно ги критикуваше и европските политичари кои, како што рече, „се закануваат на оние кои сакаат да дојдат на Парадата на победата во Москва“.

Тој тоа го нарече „политика на дехуманизација“.

Денот на победата во Русија се слави на 9 мај како ден на сеќавање на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, позната во Русија како Голема патриотска војна.

Би можело да ве интересира

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Русија: Маските паднаа, Европа конечно му го покажа на Трамп своето вистинско лице

Кошта: ЕУ може да разговара со Русија за многу прашања