Загина при бегство по обид за грабеж – се заплетка во електрифицирана мрежа

Од:

Маж од албанско потекло (46 годишен) почина синоќа околу 22 часот за време на обид за кражба во вила во близина на Арецо, во централна Италија.

Несреќата се случи додека тој бегаше од имотот со двајца соучесници, кои сè уште се во бегство. Неговото тело е пронајдено во лозје во близина на куќата.

Истрагата на имотот, кој се состои од две поврзани вили, ја спроведоа обвинителите заедно со карабинерите, кои беа повикани од сопственикот, пишува „Ил Месаџеро“.

Откако се вклучи алармот, зет на сопственикот на една од куќите, пензиониран адвокат, испука куршум во воздух за да ги исплаши и избрка крадците.

Бегајќи од имотот, 46-годишникот се заплетка во шилеста, електрифицирана мрежа што претходно беше инсталирана за заштита од диви животни.

Имено, во таа област има чести проблеми со диви свињи и волци. Тој успеа да направи уште неколку чекори пред да се сруши, а неговите соучесници го оставија и избегаа.

Обдукцијата, која веќе е наредена, ќе утврди дали смртта е предизвикана од руптура на феморалната артерија или од други повреди здобиени при падот.

Утрово карабинерите се вратија на местото на настанот за дополнителна истрага.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он