Национална географија – Вашингтон
Шест земји заедно произведуваат околу 60 отсто од глобалната емисија на јаглерод-диоксид.
Овој портал врз основа на податоците добиени од Светска банка, истражувањата на АП и Глобал Карбон Проџект, ја состави следната листа на загадувачи:
Кина
Оваа земја емитува двојно повеќе штетни гасови отколку корисни. Во 2006 година го презема првото место од САД како најголем емитувач на јаглен-диоксид и прави 30 отсто од глобалната емисија. Владата на САД оценува дека Кина дупло ќе ја зголеми емисијата до 2040 година и ќе биде одговорна за големи промени, а азиската држава во 2010 година призна дека постои проблем.
– Сега сме први во светот по обемот на емисијата – изјави главниот кинески преговарач на меѓународните климатски преговори Сје Џенхуа.
Потпирајќи се на фосилното гориво за електрична енергија и производство на челик, Кина до неодамна беше подготвена да постигне компромис и да постави некои граници за користењето на јаглен-диоксидот.
Кон крајот на 2014 година Пекинг и Вашингтон воспоставија договор Кина да ја зголеми употребата на зелени гасови до 2030 година и да го ограничи користењето на јаглен на најмногу 62 отсто.
2013 – емисија на CO2: 11 милијарди тони
2013 – население: 1,63 милијарди
САД
Од друга страна, оваа држава никогаш не склучила обврзувачки договор да ја намали емисијата на штетните гасови. Меѓутоа, САД настојуваат да ја намалат емисијата на гасови за 17 отсто (од нивото од 2005 година), до 2020 година. Исто така, Белата куќа во договор со Кина, ќе настојува да ја ограничи емисијата на CO2 до 2025 година на 28 отсто.
2013 – емисија на CO2: 5,8 милијарди тони
2013 – население: 316 милиони
Индија
Договорот на САД и Кина прави притисок на индиските власти. Меѓутоа, Индија има во план двојно да го зголеми производството на јаглен и со тоа да ја снабдуваат електричната мрежа, која се уште има рестрикции. Предизвик е да се намалат гасовите кои прават ефект на стаклена градина, додека населението и економијата растат. Сепак, Индија своеволно се обврза да ја намали емисијата на CO2 за 20 до 25 отсто до 2020 година.
2013 – емисија на CO2: 2,6 милијарди тони
2013 – население 1,2 милијарди
Русија
Русија никогаш не се соочила со протоколот од Кјото, бидејќи по распадот на Советскиот Сојуз емисијата нагло падна. Русија, која е главен производител на нафта и гас во 2013 година усвои варијанта на домашен еколошки гас, со цел да ја намали емисијата за 25 отсто (од 1990 година) до 2020 година.
Руската емисија на CO2 во просек е 35 отсто помала од нивото од 1990 година. За да ја постигне својата цел, Русија мора да ја зголеми ефикасноста на енергијата за 40 отсто и да го зголеми производството на новата енергија за 4,5 отсто.
2013 – емисија на CO2: 2 милијарди тони
2013 – население: 143,5 милиони
Јапонија
Со затворањето на нуклеарната електрана по катастрофата во Фукушима во 2011 година, Јапонија е принудена на драстични промени за да го намали загадувањето. Во ноември 2014 година, Јапонија објави намалување на гасовите кои прават ефект на стаклена градина за 3,8 отсто (на нивото од 2005 година) до 2020 година.
Со зголемување на користењето на фосилните горива, емисијата на Јапонија ќе се намали за три отсто во однос на статистиката од 1990 година.
Во почетокот на 2012 година, Јапонија воведе карбонски данок за да ги наведе граѓаните да користат обновлива енергија и да штедат.
2013 – емисија на CO2: 1,4 милијарди тони
2013 – население: 127 милиони
Германија
Германија надмина 21 отсто на намалувањето на штетните гасови од 1997 година. Емисијата вкупно е редуцирана за 25 отсто од што беше случај во 1990 година. За да се вклопи во стандардот на ЕУ, до 2020 година Германија мора да ги намали штетните гасови за 40 отсто. Германија веќе на големо работи на зголемување на субвенциите за енергетска ефикасност, за да ги постигне своите цели. Поради зголемување на користењето на електричната енергија, Германија исто така преоѓа на фосилното гориво.
Употребата на јаглен е намалена, бидејќи Германија користи веќе обновени извори. Тие обновени извори веќе чинат една четвртина од производството на електричната енергија. Земјата има намера да го зголеми тој удел на 80 отсто до 2050 година, како и да постави милиони хибридни возила на патиштата.
2013 – емисија на CO2: 836 милиони тони
2013 – население: 80,6 милиони