Загадувањето на воздухот главна закана по здравјето на Европејците

Од:

Наспроти подобрениот квалитет на воздухот, напорите за справување со загадувањето во Европа треба да се зголемат поради високата цена по животот на луѓето и животната средина, соопшти денеска Европската агенција за екологија (ЕЕА).

– Загадувањето на воздухот е најголемата поединечна еколошка закана во Европа, наведе Агенцијата, чие седиште е во Копенхаген.

Според нејзина проценка, во 2013 година имало речиси 470 илјади случаи на предвремена смрт во 41 европска земја, кои се тесно поврзани со загадувањето на воздухот.

Фините честички како и озонот и азотниот диоксид предизвикуваат или ги зголемуваат респираторните проблеми, срцевите болести и канцерот и водат кон кратење на животниот век, истакна ЕЕА.

Озонот е исто така причина за загадување на земјоделските култури.

– Неопходно е да се направат напори од страна на властите и грѓаните и да се издејствува намалување на штетните емисии, изјави раоводителот на ЕЕА, Ханс Браунинкс.

Би можело да ве интересира

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто

Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

СДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух