Заеднички воени вежби на САД со Индија, Јапонија и Австралија

Од:

Морнарицата на САД спроведува две воени вежби во водите на југот и на југоистокот на Азија со своите сојузници Јапонија, Индија и Австралија, соопшти денеска Командата на американската морнарица.

Воените вежби се организирани како одговор на се поголемиот воен ривалитет помеѓу Кина и САД, а непосредно откако Вашингтон предупреди дека се нелегални кинеските претензии кон спорните делови на Јужно Кинеско Море.

САД постојано ја осудуваат експанзивната кинеска политика и нејзините претензии кон делови на Јужно Кинеско Море и редовно испраќа воени бродови во регионот со цел да демонстрира слободна пловидба.

Кина се спротиставува на тактичките маневри и тврди дека одбивањето на САД да ги прифатат кинеските претензии кон делови од Јужно Кинеско Море придонесува за зголемување на тензиите во регионот.

Американските носачи на авионо „Нимиц“ и „Роналд Реган“ овој месец двапати беа упатувани во Јужно Кинеско Море, додека „Нимиц“ неделава во Индиски Океан учествува во заедничката воена вежба со морнарицата на Индија.

Во исто време, носачот на авион „Роналд Реган“ учествува во заедничака воена вежба со морнарицата на Јапонија и Австралија во водите на Филипинско Море.

САД планираат уште една воена вежба со Јапонија и Индија во Бенгалски Залив, на која може да се приклучи и морнарицата на Австралија.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија