Забрана за присуство на американски војници во близина на Самитот на Г7

Од:

Европската команда на американската армија им забрани на своите војници и офицери да бидат присутни во Минхен и Гармиш-Партен Кирхен, зоните каде што треба да се одржи Г7 самитот, јави дописникот на МИА од Берлин.

Забраната за патување во овие германски региони е издадена од американското Министерство за одбрана поради очекуваниот обем на антиглобалистичките протести и можноста од насилство. Забраната важи и за членови на семејствата на американските војници и вработени во фирми кои што сорабитуваат со американската армија, на кои им се препорачува да ги избегнуваат забранетите подрачја.

Оваа година Самитот на седумте најразвиени земји ќе се одржи на 7 и 8 јуни во главниот град на најбогатиот германски регион Баварија. Во Минхен се очекуваат десетици илјади демонстранти чија цел би можела да бидат и членови на американската војска.

На антиглобалистичките протести во Франкурт во февруари за време на отворање на седиштетото на Европската централна банка беа запалени десетици полициски возила, повредени беа дваесетина полицајци, стотина демонстранти беа притворени, а беше предизвикана огромна материјална штета.

Би можело да ве интересира

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства