Забрана за либиските авиони да слетуваат на европските аеродроми

Од:

Европската унија го забрани денеска слетувањето на авионите на сите седум либиски авиокомпании на европските аеродроми, соопшти еврокомесарката за сообраќај Виолета Булц.

Причина за воведување на забраната е проценката дека поради внатрешните судири во Либија овие компании веќе не ги исполнуваат основните безбедносни стандарди, пропишани со европското законодавство.

– Безбедноста на патниците е на прво место, изјави Булц, додавајќи дека Европската комисија е подготвена да им помогне на Либијците повторно да добијат дозвола, штом се смири ситуацијата во земјата.

На „црната листа“ на ЕУ поради истите причини веќе се наоѓаат авиокомпании од Авганистан, Ангола, Конго, Џибути, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Филипини, Габон, Индонезија, Казахстан, Киргистан, Либерија, Непал, Мозамбик, Сиера Леоне, Судан и Замбија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски