За време на крунисувањето, Чарлс ќе ја носи облеката што ја носеле неговите претходници

Од:

Британскиот крал Чарлс Трети, кој цел живот се залага за штедливост, на крунисувањето ќе ја носи облеката што ја носеле неговите претходници, вклучувајќи предмети и облека што им припаѓале на неговите родители.

Чарлс (74) ќе биде крунисан во Вестминстерската опатија, а за време на големата церемонија ќе носи кралска облека која ќе биде украсена со верски или историски симболи.

Многу од предметите што Чарлс ќе ги носи, како што се круната и жезолот, се стари со векови, додека дел од облеката што ќе ја носи се појавиле за време на крунисувањето во 1821 година, соопшти Бакингемската палата, пренесува Ројтерс.

Меѓу облеката ќе има и специјални ракавици направени за неговиот дедо Џорџ Шести.

„Имаме голем, штедлив, внимателен крал кој попрво би користел нешто старо отколку да има нови ракавици“, рече Дебора Мур, извршен директор на Дентс, компанија која направи златни ракавици за кралот Џорџ Шести за време на неговото крунисување во 1937 година.

Во Лондон, на Савил Роу, познат по кројачите кои 150 години го облекуваат британското кралско семејство, набрзина се завршуваат црвено-златните униформи за крунисувањето на кралот Чарлс Трети.

Клиентите доаѓаат во кројачките продавници на таа улица за да земат униформи и одела за свечената церемонија, пренесува Ројтерс.

– Тоа е вистинска чест – изјави воениот кројач Џил Вокер, кој е биде подготвен да направи какви било конечни прилагодувања.

Вокер истакна дека на крунисувањето се ќе изгледа фантастично, дека тоа е историски настан и дека сите ќе се гордеат со својата работа на униформите и оделата.

Промената на монархот бара промена на ознаките, па така круната, копчињата и кралскиот монограм на Чарлс ќе бидат зашиени на формалните униформи на воената парада од 6.000 војници, рече кројачот Вилијам Скинер.

Би можело да ве интересира

И кралицата Камила зема одмор и повремено се повлекува од должностите

А1он

На кралот Чарлс му бил дијагностициран рак

Анкета: 51 отсто од Британците се против владата да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс

Ана Ололовска

Бајден разговараше со кралот Чарлс Трети

Ана Ололовска

Кралот Чарлс Трети е седмиот британски монарх на поштенски марки, прв без круна

Ана Ололовска

Чарлс и Вилијам немаат коментар за книгата на Хари