Најмалку 400 луѓе загинаа во изминатите три недели во судирите меѓу силите лојални на либиската Влада и исламистички милиции. Тоа е најголем бран насилства откако во 2011 година беше симнат од власт Моамер Гадафи.
Најмногу погоден од насилства е Бегнази, на исток во државата. Меѓу исламистите кои се активни во таа област е и групата Ансар ал-Шарија. Вашаингтон ја обвинува таа група за напади врз поранешниот американски конзулат во Бенгази во 2012 година во кој загина американскиот амбасадор.
САД, Британија и Франција предложија таа група да биде ставена на црната листа за санкции на ОН која важи за Ал Каеда. Ако сите 15 членки на Одборот за санкции во СБ на ОН се договорат, Ансар ал-Шарија ќе биде ставена на црната листа на 19 ноември и во согласност со тоа, ќе и биде воведено ембарго за оружје и на нејзини членови нема да им се издаваат визи, а ќе им биде замрзнат и сиот имот.