За смртта на Гадафи е одговорен француски таен агент

Од:

За смртта на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи е одговорен француски таен агент, а не припадник на бунтовниците како што се сметаше досега, тврди италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, повикувајќи се на изјави на поранешниот либиски премиер Махмуд Џибрил и на екс-портпарлот на националниот преоден совет, Рами ел Обејди.

Досега се сметаше дека фаталниот истрел што го усмрти половникот на 20 октомври минатата година при неговиот обид да побегне од Сирт го испалил член на либиските револуционарни бригади, но нови сознанија ја оспоруваат оваа верзија, наведува весникот.

„Кориере дела Сера“ наведува дека Џабрил во интервју за една египтеска телевизија пред два дена изјваил дека Гадафи бил убиен од „странски таен агент инфилтриран меѓу револуционерните борци“.

Обејди пак во изјава за италијанскиот весник прецизира дека „тајниот агент“ бил Французин.

Според него, откако бунтовниците го зазедо Триполи, Гадафи заминал во Сирт, од каде преку сателитски телефон стапил во контак со негови соработници кои побегале во Сирија и биле под заштита на сирискиот претседател Башар ел Асад, меѓу кои бил и некогашниот шеф за пропагандата на либискиот режим Јусуф Пакир за кого се претпоставува дека сега живее под друг идентитет во Прага.

Обејди натаму тврди дека по разговорот со неговите соработници, Асад му го предал телефонскиот број на Гадафи на француски таен агент, по што силите на НАТО успеале да го лоцираат преку сателитските системи.

Според Обејди, во замена за предавањето на бројот на Гадафи, Асад добил ветување од Франција дека Париз ќе се заложи за намалување на меѓународниот притисок врз сирискиот режим за запирање на репресиите против учесниците во антивладините проттсети.

„Кориере дела Сера“ посочува дека и западни дипломати потврдиле дека во ликвидирањето на Гадафи помогнал „странски агент, кој речиси сигурно е Французин“.

Според истите извори, поранешниот француски претседател Никола Саркози „имал силни мотиви да му ја затвори устата на полковникот што е можно побрзо“, имајќи предвид дека на почетокот на операцијата на НАТО во Либија Гадафи се закани со разоткривање на деталите за нивните меѓусебни врски и за либиското финасирање на претседателската кампања на Саркози во 2007 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски