Невенчани парови во Индонезија, доколку бидат откриени дека имале сексуални односи, можат да завршат во затвор, со казна дури од пет години, според новиот предлог закон.
Дури и паровите кои што живеат заедно, без „документ“ не можат да ја избегнат строгата казна.
Необичното ембарго на сексулани односи е предложено како дел од новиот закон, помеѓу кој е и бизарната забрана на црна магија, доколку предизвика болест, смрт, ментално или физичко страдање.
И покрај тоа што Индонезија ја следи умерената верзија на исламот, се стави акцент на муслиманскиот начин на живот, изминативе години.
Во план е да се забрани кратката гардероба за политичарките и вработените во јавните институции, поради многу бројните силување и неморални случувања, предизвикани токму поради неадекватната облека.