За секој шести британски ученик англискиот јазик не е мајчин јазик

Од:

За секој шести ученик во Велика Британија,или за 1,1 милион деца на училишна возраст,англискиот, кој е официјален јазик во земјата,не е и нивниот мајчин јазик-покажува истражувањето што го направи британското Министерство за образование.

Според податоците на Министерството,во јануари оваа година,преку еден милион деца,или 16,6 отсто од сите ученици,дома и со своите родители не зборуваат англиски,затоа што по потекло, тие не се Британци,туку и припаѓаат на некоја од етничките заедници кои се доселени во Велика Британија,како имигранти.

Таквата состојба е посебно видлива во Лондон и во источните делови од британскиот главен град.

Во градските основни училишта од јавното образование,каде учат деца од пет до 11 години,за 48 отсто од нив,англискиот јазик не е нивниот мајчин јазик.Тоа значи дека јазикот во земјата во која се родени, или во која сега живеат,како доселеници, е вториот што тие го зборуваат.

Најкарактеристички се лондонските општини Тауер Хамлетс и Њухам,каде има бројни етнички заедници на британски муслимани и Азијци.

Во овие делови од градот, дури за 75,3 отсто од децата на оваа возраст,англискиот не е нивниот мајчин јазик. Последниот попис на населението во 2011 година покажа дека во овие општини „домашните“ Британци стануваат малцинство во однос на доселеното население од странство,што се гледа и по нивното се поголемо вклучување во локалните власти и во работата на општините.

Висок процент на вакви деца и ученици е регистриран и во градови како Бирмингем,вториот по големина во Велика Британија,Лестер,Брадфорд,како и во делови од централна Англија,каде живее бројна муслиманска и азиска популација,како британски државјани,или како луѓе со обезбеден жителски статус.

Претставник на Министтерството за образование изјави дека овие деца,на завршните матурски испити,многу често покажуваат дека нивниот англиски е подобар од оној на децата и учениците на кои тој им е мајчин јазик.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он