За само неколку дена околу 700 бегалци избегале од центрите за прифат на мигранти во Германија

Од:

Во последните неколку дена околу 700 бегалци избегале од центрите за прифат и првично распределување на мигранти во германската федерална провинција Долна Саксонија, пренесе ТАСС, повикувајќи се на весникот „Зиддојче цајтунг“.

Според податоци на весникот, мигрантите, кои самоволно ги напуштиле центрите, заминале кај свои познаници и роднини, кои веќе престојуваат во Германија или се во други земји од ЕУ.

Засега не се знае точниот број избегани мигранти, затоа што тие дури и не биле регистрирани како бегалци.

По овој повод германскиот министер за вантрешни работи, Томас де Мезиер, изјави дека „пред почетокот на летото бегалците во Германија биле благодарни што се тука, а сега мислат дека можат да одат каде ќе посакаат“.

-Тие ги напуштаат административните простории во кои се сместени, си повикуваат такси и, за чудо, располагаат со пари за да пропатуваат стотици километри низ Германија, рече министерот.

„Тие организираат штрајкови затоа што не им се допаѓаат условите, затоа што не им се допаѓа храната, и потоа создаваат кавги. Се разбира, има малку такви луѓе, но ние треба јасно да им кажеме дека од бегалците сакаме да покажат културно одесување“, посочи Де Мезиер.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он