Повеќе од 90 кандидати, меѓу кои и две жени, се пријавиле за претседателските избори во Либија закажани за 24 декември, соопшти синоќа Изборната комисија, додавајќи дека наскоро ќе го објави бројот на прифатени пријави.
Либиските медиуми јавија дека, меѓу другите, пријави поднеле Сеиф ел Ислам ал Гадафи, син на убиениот долгогодишен лидер Моамер ал Гадафи и Хафтар, командант на самопрогласената либиска национална армија Калифа Хафтар, поранешниот министер за внатрешни работи Фати Башаг и претседателот на привремената влада Абделхамид Дбеибах.
На списокот има две жени – Лејла бин Калифа (46), претседателка на партијата Национално движење и Хунаида ал Махди, истражувач за општествени науки.
Со оглед на тоа што парламентарните избори се закажани за јануари, претседателските избори ќе бидат важни бидејќи треба да се сврти нова страница по десет години хаос од смената и убиството на Гадафи во 2011 година, коментираат светските агенции.
Право на глас имаат над 2,83 милиони Либијци од вкупно околу седум милиони граѓани.