За погребот на Кралицата, Британците ќе добијат слободен ден

Од:

Голем број шефови на држави и влади од целиот свет, како и дел европски кралици и кралеви, се очекува да присуствуваат на државниот погреб на кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора.

Како што беше соопштено официјално, присутни ќе бидат претседателите на Италија – Серџио Матарела, на Германија – Франк-Валтер Штајнмаер, на САД – Џо Бајден, а според Белата куќа, тој ќе пристигне заедно со сопругата Џил.

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември.

Британците ќе добијат уште еден слоободен ден.

Достоинствениците до Вестминстерската опатија ќе патуваат со автобуси со придружба. Поради „строгите безбедносни и ограничувања на патиштата“, од нив ќе се бара да не доаѓаат со своите приватни државни возила, се наведува во документи разгледани од Политико.

Веројатно и членови на европски кралски семејства ќе допатуваат во Лондон на погреб, вклучувајќи ги оние од Шпанија, Белгија, Норвешка, Данска, Шведска, Холандија.

Кралицата почина во четвртокот на возраст од 96 години. Принцот Чарлс со смртта на кралицата автoматски стана нов крал на Велика Британија, Чарлс Трети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он

Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот на кралицата Елизабета

Ана Ололовска