За овој човек луѓето никогаш не слушнале, а тој ги влече сите конци во британската политика

Од:

Блиц – Белград

Непријателите ги нарекуваат „премиеровиот господар на куклите‟. И Тони Блер и Гордон Браун и Дејвид Камерон го сметаа и се уште го сметаат за лице од непроценлива вредност. Бил во центарот на многу контроверзни епизоди на британската политика во последно време. Кој е всушност Џереми Хејвуд (55)?

Британски „Гардијан‟ објави опширен текст за овој моќник од сенката на Даунинг стрит број 10, резиденција на британскиот премиер, до кој повеќето гости можат да дојдат само ако прво успеат да поминат покрај Хејвуд, секретар на Владата.

Тој е на највисока позиција во државната служба на Велика Британија од 2012 година, но многу пред да седне на чело на тоа што го викаат „координативен мозок на целокупниот систем‟, Хејвуд бил најмоќно лице во Бтитанија за кого многу луѓе никогаш не слушнале.

-Тој е човек кој секогаш е во соба со премиерот, некој кој секогаш е присутен во тек на конференциски повици – рече еден од поранешните високи владини бирократи кој, како ни поранешните колеги на Хејвуд, не сакаше да го открие идентитетот.

Секогаш на врвот: „Џереми е како дрога‟

Хејвуд прво кај лабуристичкиот премиер Блер бил советник за економската и внатрешната политика (1997 – 1998), а потоа и Блеров личен секретар од 1999 до 2003 година. Потоа бил главен советник за внатрешната политика на премиерот Браун (2007 – 2008) и постојан секретар на Даунинг стрит од 2008 до 2011 година, прво кај Браун, а потоа и кај ториевскиот премиер Камерон.

– Џереми е како дрога. Луѓето брзо се навикнуваат на него. Премиерите на почеток не се сигурни во врска со него. А потоа велат – „Хм, тоа е баш добро. Тоа ми треба‟ – вели неименува поранешен шеф на протоколот во Даунинг стрит.

Единственото отсуство на Хејвуд од Даунинг стрит било во периодот од 2003 до 2007 година, кога работел на висока позиција во американската банка „Морган Стенли‟ во лондонскиот кварт Сити. Тоа го прекинал кога во владата сфатиле дека Хејвуд им е потребен. Откако Браун стана премиер во 2007 година, еден од неговите најблиски соработници рекол: – „Еден од приоритетите ни е да го вратиме Џереми од Сити‟.

Покрај тоа, Хејвуд во владините институции во Лондон не бил ни кон крајот на 80-тите години оф минатиот век, кога работел во британската делегација при седиштето на ММФ во Вашингтон, што е традиционална иницијација за високите функционери на Министерството за финансии во кое Хејвуд бил вработен.

Како што наведува „Гардијан‟ ретки се интервенциите на Хејвуд во медиумите за кои имало сведоци, а една од нив се случила токму во овој весник во 2013 година, кога дошол во редакцијата и го предупредил уредникот Ален Расбриџер дека вмешувањето на „Гардијан‟ со Едвард Сноуден, американски разузнавач во бегство, може тој весник да го направи мета на „нашите момци‟ во британската разузнавачка служба и „кинеските агенти меѓу твоите новинари‟.

„Премиеров господар на куклите‟

Во септември 2014 година, непосредно пред референдумот за шкотската независност, кралицата Елизабета Втора од шкотската резиденција во Балморал на собраните им порача нешто што не било во согласност со нејзината неутралност. Во внимателно напишаното соопштение таа практично се ставила на страна на заговорниците за останување на Шкотска под команда на Лондон, а коавторот на соопштението, заедно со сер Кристофер Гајт, приватен секретар на кралицата, бил токму Хејвуд.

Тој во Британија создал многу непријатели. Според конзервативниот магазин „Спектејтор‟ Хејвуд е „премиеров господар на куклите‟ или „Вормтонг‟ според ликот на „Господар на прстените‟. За „Дејли меил‟ тој е „лигава еминенција‟, „најциничниот мандарин Вајхола‟ и „мајстор за прикривање‟, бидејќи Хејвуд се сомничи дека не го почитувал Указот за слободата на информации и Чикотовата истрага за улогата на Британија во ирачката војна.

Хејвуд не сака медиумско внимание и мрази тоа што „Дејли меил‟ го нарекува „мајстор за прикривање‟. Речиси никогаш не дава официјални интервјуа, освен за магазинот „Светот на јавната служба‟. Верува дека колку повеќе зборува за јавноста, толку новинарите повеќе ќе шпекулираат за него и ќе му припишуваат повеќе шпекулации.

Годишно заработува околу 255.000 евра, што е многу висока плата за британската државна служба, но далеку помалку од платата која неговата сопруга Сузан ја има како партнер во консултантската компанија „Мекинзи‟.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он