За две недели ќе почне вакцинацијата на Палестинците против Ковид-19

Од:

Кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Западен Брег и во Појасот Газа ќе почне за две недели, изјави денеска палестинскиот премиер Мохамад Штајех.

Тој на владина седница истакна дека Палестинците добиле 50.000 дози вакцини против Ковид-19 од различни извори, пред се преку системот Ковакс.

Израелските медиуми објавија дека Израел денеска испратил 2.000 дози вакцини во Рамалах. Палестинските власти се уште не ја потврдиле информацијата.

Дел од палестинските критичари побараа Палестинската управа, која има контрола над окупираните делови на Западен Брег, побараа да не се прифатат вакцините од Израел. Тие тврдат дека Изреал понудил вакцини откако бил обвинет од меѓународната заедница дека не обезбедиле вакцини за Палестинците.

Во Западен Брег изминатиот период е забележано намалување на бројот на заразени со Ковид-19, како и пад на смртните случаи. Слична е ситуацијата и во Појасот Газа, откако беше воведен полициски час.

Но, во Западен Брег досега се регистрирани 40 случаи на новиот мутиран вид на Ковид-19, што првпат беше откриен во Велика Британија.

Во Западен Брег живеат околу три милиони Палестинци, а во Појасот Газа – два милиони.

Би можело да ве интересира

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ