За дроги и проституција Чесите трошат над 800 милиони евра годишно

Од:

Иако анкетите покажуваат дека се повеќе чешки семејства штедат, според експертските проценки Чесите за дрога трошат над 480 милиони евра, а за проституција околу 280 милиони евра, јави дописникот на МИА од Прага.

Истражувањата покажуваат дека бројката на луѓе кои барем еднаш користеле марихуана и хашиш достигнува еден милион, метамфетамин пробале 133.000 луѓе, хероин 33.000, кокаин 55.000, екстази 250.000, а ЛСД над 150.000 лица.

Бројот на тешки корисници на метамфетамини се движи околу 28.000, а на хероин околу 6.000 лица. Во 2010 година во Чешка се потрошени околу 18 тони канабис, 4,5 тони метаметамин, 4,7 милион таблети екстази, еден тон кокан и 1,3 тони хероин. Неколку други милиони евра во Чешка се трошат и за нелегален алкохол, кој опфаќа десет проценти од вкупно испиените алкохолни пијалоци.

Чешка го држи приматот во производство на метамфетамини и оваа дрога не се увезува туку е целосно од домашно производство. Најголем дел од марихуаната исто така (80 проценти) е од домашно производство.

На чешкиот пазар доаѓа дрога од балканските, јужноамериканските и азиските центри. Овие резултати произлегуваат од проценката на обемот на т.н нелегална економија, која ја анализираат ресорните Министерства, Чешкиот завод за статистика, невладини организации, експерти и сороведувачи на анкети.

Според анализите со проституција се занимаваат околу 10.000-12.000 лица. Просечната цена за сексуалните услуги изнесува околу 50 евра. Во земјата има околу 600 фирми кои се занимаваат со еротски служби, каде работат 6.000 жени, а функционираат и други 1.750 регистрирани слични претпријатија. Организацијата ,,Розкош” соопшти дека во Чешка без проблем функционираат најмалку 6.000 проститутки кои имаат просечна дневна заработувачка од 80 евра. Најголем број од клиентите се Чеси, додека 40 проценти се странци.

Би можело да ве интересира

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски