За чешко државјанство можеби ќе се прават ДНК тестови

Од:

Чесите кои имаат дете со странски државјанки од земјите надвор од ЕУ, а не се во брак, можеби од идната година ќе мораат да прават ДНК тестови за татковство ако сакаат нивните деца да добијат чешко државјанство, јави дописникот на МИА од Прага.

Ова е дел од новиот Нацрт-закон за државјанство за кој наскоро треба расправа чешкото Собрание.

Претставниците на организациите за помош на странци ги критикуваат новите предлози сметајќи дека се бесмислени и дискриминаторски, додека за предлагачот на Законот, Министерството за внатрешни работи,  овие одредби ќе помогнат да се избегне добивање чешко државјанство со лажни изјави за т.н. фиктивно татковство.

– Одредбите, целосно бесмислено ги делат мајките на граѓани на ЕУ и државјани на други земји и ги дискриминираат децата родени надвор од брачните заедници, кои го губат автоматското право на државјанство, а со тоа и правото на здравствено осигурување, објаснува Марие Херманова од Програмата за миграција.

Правните експерти се согласни дека таквите промени ја кршат Конвенцијата за правата на детето, кон која Чешка е обврзана.
Според актуелните прописи, децата чии мајки се странски државјанки добиваат државјанство доколку таткото, ако е Чех ги прогласи за негови.

Министерството за внатрешни работи оценува оти овие постапки се злоупотребуваат и затоа се предлагаат построги правила.

Активистите на невладините организации, предупредуваат дека Законот не предвидува што ќе стане со децата доколку ДНК- тестовите не можат да се направат поради смрт на таткото или поради немање финансии.

Тие додаваат дека генетските тестови чинат од 240-800 евра, што значи дека не може да си ги дозволат многу семејства.

Исто така не е јасно предвидено каква е правната поставеност на децата додека не биде докажано биолошкото татковство и како во тој меѓупериод ќе можат да ги користат своите основни права.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски