„YouGov“ предвидува убедлива победа на конзервативците на Џонсон на изборите на 12 декември

Од:

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон, според истражувањето на агенцијата „YouGov“ , која точно ги предвиде резултатите на изборите во 2017 година, на овие избори, закажани за 12 декември, ќе однесе убедлива победа.

Конзервативната партија ќе освои 359 пратенички мандати во 650-члениот парламент, додека на изборите во 2017 година осови 317 пратеници, покажуваат резултатите од анкетата на оваа агенција за истражување на јавното мнение.

Проекциите за изборите 2019 година „сугерираат дека конзервативците ќе освојат мнозинство“, изјави Ентони Велс, директор на одделот за политика и социјални истражувања во „YouGov“.

Доколку победи на изборите Џонсон вети дека Брегзит овој пат сигурно ќе се случи на 31 јануари.

-Промената кон Конзервативната партија е поголема во подрачјата кои гласаа за Брегзит во 2016 година, а повеќето проектирани нови приврзаници за ториевците се бележат на северот и во урбаниот Западен Мидландс, како и во поранешните рударски окрузи од Источен Мидландс, појасни Велс.

Според истово истражување, прекцијата е дека Лабуристичката партија ќе добие 211 мандати, додека на минатите избори имаше освоено 262.

Шкотската националистичка партија (СНП) ќе добие 43, Либерално-демократската партија 13, а партијата Брегзит, која не се трка само во окрузите каде на минатите избори победија конзервативците, засега нема ниту еден мандат според проекциите.

Обединетото Кралство е поделено на 650 изборни единици, а релативниот победник во изборната единица го зема мандатот.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он