Вулканот Тунгурава во Еквадор еруптираше

Од:

Околу 200 лица беа евакуирани во Еквадор во околината на вулканот Тунгурава, кој исфрли вчера пет километарски столб од пепел и лава.

Вулканот, кој е еден од најактивните во Еквадор, се наоѓа на Андите на надморска височина од 5.029 метри и на 135 километри југоисточно од Кито.

Еквадорската национална служба за управување со кризи објави трегова со код портокалово, што е претпоследниот на скалата со максимален црвен степен.

EcuadorTungurahua

Регионот во кој се наоѓа вулканот е важна туристичка дестинација во Еквадор. Градот Бањос, во подножјето на вулканот, годишно го посетуваат околу еден милион туристи, од кои 40 отсто се странски.

Тунгурава (огнено грло на локалниот јазик кечуа), е активен од 1999 година. При силна ерупција во 2006 година загинаа шест лица, а во 2010 година беше прогласена тревога со код црвено и беа евакуирани локалните жители и туристите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски