Вулканот Килауеа на Хаваи уништи 31 куќа

Од:

Потоци лава, растопена карпеста маса и отровни гасови од вулканот Килауеа уништија 31 куќа на островот Хаваи, соопштија локалните власти.

Вулканот исфрла лава на височина од над 61 метар.

Околу 1.700 луѓе беа евакуирани, а дел од нив подолг период нема да можат да се вратат во своите домови.

Околу 240 лица минатата ноќ ја поминаа во засолништа. Дел од нив добија дозвола денеска да одат до своите домови и да ги земат миленичињата, потребната медицинска терапија.или документи.

Научниците предвидуваат дека вулкански ерупции и земјотреси може да има во следните неколку месеци.

Килауеа е еден од петте активни вулкани на островот, континуирано еруптирајќи од 1983 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се намали на 97

На Хаваи, повеќе од 300 се водат како исчезнати по пожарот

Бројот на загинати од шумските пожари во Мауи се искачи на 111, околу 1.000 луѓе се водат како исчезнати

Бројот на загинати во пожарот на Хаваи се искачи на 101

ВИДЕО: Бројот на жртвите на Хаваи ќе биде двојно или тројно поголем