Бројот на загинати од шумските пожари во Мауи се искачи на 111, околу 1.000 луѓе се водат како исчезнати

Од:

Најмалку 111 лица, меѓу кои и деца, загинаа во минатонеделните катастрофални шумски пожари што го зафатија хавајскиот остров Мауи. Началникот на полицијата во Мауи, Џон Пелетиер, денеска изјави дека се очекува бројот на жртвите да се зголеми, а поголемиот дел од опожарената област допрва треба да се пребарува.

„Никој досега не видел вакво нешто, ниту оваа големина, ниту оваа бројка, ниту овој опсег. И сè уште не сме готови“, изјави Пелеје за Си-Ен-Ен.

Се очекува екипите со денови да ги пребаруваат јагленосаните остатоци на повеќе од 2.000 опожарени домови и други објекти, додаде тој.

Бројот на жители кои сè уште се водат за исчезнати е „веројатно над 1.000“, изјави претходно гувернерот на Хаваи Џош Грин за Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски