Вучиќ на Инстраграм најави дека Унгарија ќе и помогне на Србија

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека разговарал телефонски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој исто така нагласи дека Унгарија ќе помогне во енергетската стабилност на Србија.

Вучиќ на својот Инстаграм профил напиша дека разговарал телефонски со Орбан и дека унгарскиот премиер го информирал за неговата средба во Москва.

– Разговарав телефонски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, продолжувајќи го суштинскиот дијалог што се одржа завчера во Суботица. Како што вети, ме информираше за неговата средба во Москва вчера. И, во оваа прилика, тој нагласи дека Унгарија ќе помогне во енергетската стабилност на Србија. Добрососедските односи меѓу Србија и Унгарија значат многу за двете земји и народи. Подготвен сум да продолжам да го давам мојот најголем придонес кон нашето пријателство – напиша Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Каква хистерија во Хрватска поради една ракета, а останатото не го ни виделе

Предраг Петровиќ

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Вучиќ: Убиството на Ѓинѓиќ беше огромна трагедија за земјата

Седум деца исчезнаа во близина на границата со Србија, најмладото има само две години