Втор случај на напад со возило врз група минувачи во Франција

Од:

Најмалку десет лица се ранети, кога непознат маж се удри со комби во група посетители на божикниот пазар во центарот на западниот француски град Нант, само еден ден по сличен инцидент во Дижон.

Сите повредени се хоспитализирани, а петмина од нив се во тешка состојба.

Возачот на комбито, 25-годишен маж се обидел да се самоубие, нанесувајќи си најмалку еден убод со нож. Тој исто така се наоѓа во болница, а според обвинителот на Нант станува збор за изолиран случај и оти не може да се говори за терористички акт.

Мотивите за нападот не се познати.

Четириесетгодишен маж во неделата во Дижон го крена автомобилот во воздух меѓу толпа пешаци, извикувајќи „Алах е голем“. Во нападот беа ранети 13 лица, од кои двајца беа во тешка состојба. 

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот