По втор пат за една недела проработи вулканот на индонезискиот туристички остров Бали, соопштија од властите и кажаа дека нивото на предупредување останува непроменето, бидејќи ерупцијата е мала.
Столбот на пепелот на вулканот на планината Агунг пораснал до 1.500 метри во висина, а портпаролот на агенцијата Сутопо Пурво Нугрохо кажа дека нивото на предупредување е на второ ниво и дека не се забележани сеизмички активности.
Според локалните медиуми, 25 илјади лица не може да се вратат во своите домови од септември, кога вулканот даде знаци на активирање.