Врховниот суд на Велика Британија одлучи: Трансродовите жени не треба законски да се дефинираат како жени

Од:

Трансродовите жени не треба законски да се дефинираат како жени, пресуди Врховниот суд на Велика Британија.

Објавувајќи ја одлуката на судот за тоа дали заштитата заснована на пол треба да се применува исклучиво на луѓето кои се родени како женски, Лорд Хоџ рече дека термините „жена“ и „род“ во Законот за еднаквост од 2010 година се однесуваат на биолошкиот пол, а не на стекнатиот пол.

„Едногласната одлука на овој суд е дека дефинициите на поимите жена и род во Законот за еднаквост од 2010 година значат биолошка жена и биолошки пол“, рече тој пред судот.

„Но, советуваме оваа пресуда да не се толкува како победа на една или повеќе групи во нашето општество на сметка на друга. Тоа не е случај“, додаде Хоџ.

Тој посочи дека Законот за еднаквост од 2010 година на трансродовите лица им обезбедува заштита не само од дискриминација преку заштитената карактеристика на промената на полот, туку и од директна и индиректна дискриминација, како и вознемирување на нивниот стекнат пол.

Врховниот суд на ОК ја донесе оваа одлука како одговор на правен спор во врска со толкувањето на зборовите жена и род во рамките на Законот за еднаквост од 2010 година. Клучното прашање беше: Дали овие зборови се однесуваат само на биолошки жени, или исто така и на транс жени (луѓе кои се родени машки, но се идентификуваат како жени)?

За жените во Шкотска, организација која се залага за права врз основа на биолошкиот пол, ги оспори насоките на шкотската влада кои дозволуваа транс жените со сертификат за промена на полот (ГРЦ) да бидат вклучени во законските квоти за жени, на пр. во јавните органи и комисии.

Би можело да ве интересира

Трамп бара дозвола од Врховниот суд да спроведе забрана за трансродовите лица да служат во војска

ВИДЕО: Трамп потпиша забрана за трансродовите спортисти во женска конкуренција

Катерина Ѓуровски

Владата го повлече предлогот на Законот за матична евиденција, за измени и дополнувања

А1он

ТРАНСФОРМА: Да ги засилиме транс-гласовите, одбиваме да бидеме жртви

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Димитров: Ако на Филипче му беше до политички поени, не успеа, живееме во трансфобична држава

Габриела Димковиќ-Мишевска

„Марш за видливост“ со порака: Трансродовите луѓе постојат и бараат достоинствен живот

Ана Ололовска