Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

Од:

Врховниот суд на Израел денеска пресуди дека владата мора да регрутира и ортодоксни Евреи во армијата, а овој декрет најверојатно ќе предизвика раздор во владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Владејачката коалиција се потпира на поддршката на две ултра-ортодоксни партии кои сметаат дека долгорочното ослободување од воена служба за нивните членови е клучно. Тоа им овозможува да останат во верските институции и да не ги прекршуваат нивните верски обичаи.

Ова стана горлив проблем по почетокот на офанзивата во Газа и конфликтот на северната граница со Либан. „Во екот на тешка војна, товарот на нееднаквоста е поголем од кога било“, едногласно пресуди судот.

Повеќето израелски мажи и жени мора да служат војска, но тоа не важи за ортодоксните верски заедници.

Од основањето на Израел во 1948 година, на Евреите кои ја проучуваат Тора им се одобрува годишно одложување од воената служба до 26-годишна возраст, кога тие се целосно ослободени од оваа должност. Ова ѝ овозможило на тогашната група од 400 млади мажи да ги научат светите текстови и да ги задржат еврејските традиции, од кои повеќето биле изгубени во Холокаустот.

Но, денес, ултраортодоксна заедница се состои од 1,3 милиони луѓе, зајакнати со фактот дека нивните сопруги раѓаат во просек по шест деца, во споредба со националниот просек од 2,5. Само минатата година 66.000 припадници на таа заедница биле ослободени од воена служба, пишува агенцијата Франс прес.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски