Време е Западот да ги натера Вучиќ и Орбан да изберат страна

Од:

Брисел и Вашингтон долго време покажуваа „стратешко трпение“ со Унгарија и со Србија, надевајќи се на постепена промена на подобро, но кога Будимпешта и Белград во време на војна отворено застанаа на страната на Русија против евроатлантската заедница, пристапот со кој се нуди само морков повеќе не е одржлив.

Победата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на премиерот на Унгарија на нецелосно слободни избори е победа за Кремљ, па иако рускиот претседател Владимир Путин можеби нема да ја окупира Украина во блиска иднина, тој двете европски земји ги држи во цврста прегратка.

НАТО и ЕУ, доколку не сакаат најблиските европски сојузници на Путин да ги претворат во тигар без заби, мора да покажат заби, објави Еурактив Србија. Вучиќ и Орбан, како што се наведува, нема да престанат да се однесуваат лошо додека цената што ја плаќаат не ги надмине придобивките што ги имаат од поткопувањето на блокот, чиј дел се или сакаат да станат.

И двајцата лидери во своите земји го користат незадоволството од изгубените територии или престиж, а „стремежот за некогашната империјална слава промовирана од Вучиќ и Орбан има ист потенцијал за насилство и уништување како и таа што стои зад геноцидот на Путин во Украина.

Српска дестабилизација на Балканот во согласност со целите на Путин

Српските власти во својата политика кон Црна Гора и кон БиХ во голема мера дејствуваат во согласност со желбите на Москва.

Србија е целосно зависна од руската енергија, што Русија успешно ја користи како алатка во преговорите. Иако ЕУ воведе строги санкции кон Русија, Путин и Вучиќ оваа недела разговараа за продолжување на соработката во областа на енергетиката.

Исто така Русија ја снабдува Србија со оружје, со што таа стана регионална сила која ги загрозува соседите кои се земји-членки на НАТО, а српската дестабилизација на Западен Балкан е во согласност со целите на Путин, бидејќи го свртува вниманието на лидерите на НАТО и го поткопува нивното единство.

Методите на Орбан се можеби малку посуптилни, но неговите цели се речиси исти и се во согласност со амбициите на Путин.

Предолго Вучиќ и Орбан беа во можност да добијат својата торта и да ја јадат. Имаа корист, Србија од кандидатскиот статус и помошта од ЕУ, а во случај на Унгарија, од тоа што олигарсите блиски до Орбан буквално ставија во своите џепови милијарди од фондовите од ЕУ.

Време е Западот да ги натера Вучиќ и Орбан да изберат стана

Би било крајно непромислено по реизборот на двата лидери Брисел и Вашингтон да продолжат на истиот начин.

Усвојувањето на многу поостар тон и кон земјата-членка на ЕУ (Унгарија) и кон земјата кандидат (Србија) би имало ефект на одвраќање за сите лидери кои си играат со идејата да ја консолидираат својата позиција со поткопување на владеењето на правото или додворување на Москва и на Пекинг.

ЕУ нешто симболизира, посебно во Западен Балкан позитивно би влијаело земјите да вложат искрени напори во исполнувањето на пристапните критериуми, наместо што Унијата ја искористуваат како молзна крава.

Вучиќ и Орбан се мудри политички актери, но како што покажува историјата на нивните земји, вртењето на три страни за да се стекнат со во време на војна може ужасно да им се удри од глава. Затоа сега е време Западот да ги натера да дејствуваат, принудувајќи ги да изберат страна и да се соочат со последиците.

Форин полиси

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина

Шолц: Русија во иднина ќе мора да учествува на конференција за Украина

Предраг Петровиќ

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Мудрик: Ќе играм на Европското првенство, додека моето семејство дење и ноќе се соочува со руски проектили

Предраг Петровиќ

Русија ги претстави „змејовите“-новите фрлачи на пламен

Предраг Петровиќ

Сиљановска Давкова од Конференцијата за Украина: Потребен е нов Маршалов план