Вработени во Фејсбук ја обвинуваат компанијата дека ги принудувала да се вратат во канцеларија

Од:

Повеќе од 200 вработени во Фејсбук ширум светот во отворено писмо ја обвинија компанијата дека ги принудувала да се враќаат во канцелариите и покрај ризикот од коронавирусот.

Модераторите на содржина на Фејсбук тврдат дека компанијата „непотребно ги ризикува нивните животи заради профит“. Тие го повикаа Фејсбук да усвои измени во својата деловна политика што ќе му овозможи да продолжи да работи од далечина и други поволности, како што е бонус за ризик, пренесува Би-Би-Си.

Фејсбук објави дека повеќето потписници на писмото работат од дома и дека ќе продолжат да работат на тој начин до крајот на пандемијата.

„Веруваме во отворен внатрешен дијалог, но таквите разговори мора да бидат искрени“, рече портпаролот на компанијата.

Фејсбук во август објави дека вработените во компанијата можат да работат од дома до летото 2021 година.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он