ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шест тинејџери повредени во пукање во Милвоки

Од:

Шест тинејџери се полесно повредени во пукотница по прославата на американскиот празник „Juneteenth“ во Милвоки, во американската држава Висконсин.

Полицијата соопшти дека реагирала во понеделникот во близина на паркот Роуз, откако четири девојчиња и две момчиња на возраст меѓу 14 и 19 години биле повредени во пукање со повреди кои не се опасни по живот, објави Си-Ен-Ен.

Шефот на полицијата во Милвоки, Џефри Норман, изјави дека верува оти пукањето произлегло од расправија меѓу тинејџери.

Се претпоставува дека меѓу застреланите е и 17-годишен тинејџер кој го предизвикал конфликтот.

„Милвоки, што се случува со нашите деца? Родители, старатели, возрасни, мораме да дадеме се од себе да го спречиме насилството што нашите деца го носат на овие улици. Ниту пиштол, ниту оружје за уништување не треба да биде во рацете на нашите млади луѓе. “, рече Норман на прес-конференција, додавајќи:

„Ова е приказна која се случува премногу често и навистина старее. Навистина стара“.

Полицијата соопшти дека ја продолжува истрагата за инцидентот.

Градоначалникот Кавалиер Џонсон изјави дека во моментот на инцидентот имало илјадници луѓе во областа.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Две лица загинаа во престрелка во фабрика во Германија

Горан Наумовски