Скот Харагучи фаќал риби три километри од островот Оаху на Хаваите и го снимил ловењето со GoPro камера. Откако ја фатил рибата, ја оставил вклучена камерата. „Имав многу лоша среќа што ме нападна, но многу среќа затоа што го снимив“, изјави Харагучи за локалната ТВ станица КИТВ.
На видеото објавено од Харагучи на Јутјуб се гледа како ајкулата го напаѓа кајакот, а Харагучи вреска од страв додека за малку ќе го превртеше. Мажот потоа успеал да ја клоцне ајкулата, по што животното се вратило во длабочините на морето.
„Тигарска ајкула! Ме нападна тигреста ајкула! Боже“, се слуша како извикува Харагучи по нападот. На каналот Јутјуб напиша дека сè се случило толку брзо што не сфатил што точно се случило додека не го погледнал видеото дома.
Тој за КИТВ изјави дека претпоставува дека ајкулата лови повредена фока што ја видела во близина: „Мислам дека ајкулата ја повреди фоката. Чекаше да умре, се врати и мислеше дека сум фока, па ме нападна“.