Возачот на Бин Ладен осомничен за убиството на амбасадорот на САД

Од:

Најновите резултати од истрагата за неодамнешното убиство на американскиот амбасадор Кристофер Стиненс и уште тројца Американци во либискиот град Бенгази покажуваат дека зад нападот најверојатно стои Ал Каеда, а еден од осомничените е човекот за кого се верува дека бил личен возач на Осама бин Ладен.

“Тие се убиени за време на терористичкиот напад на нашата амбасада“, изјави Мет Олсен, директор на Националниот центар за борба против тероризмот, за време на сослушувањето во Сенатот.

Извор близок на амбасадорот рече дека Стивенс пред смртта тврдел дека е на „црната листа“ на Ал Каеда.

Различните извештаи укажуваат на можноста дека нападот воопшто не е спонтана ескалација на протестот, како што се тврдеше, туку дека е однапред се испланирано како би се одбележала 11-годишнината од нападот на Светскиот трговски центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски