Воз на компанијата „Амтрак“ излета од шините кај Филадефија, во несреќата има две жртви

Од:

 Американската железничка компанија „Амтрак“ го запре сообраќајот по важниот Североисточен коридор меѓу Њујорк и Филаделфија, после сударот меѓу нејзин воз  и багер, крај Филаделфија, во државата Пенсилванија, пренесоа светските агенции.
Според телевизијата Еј-Би-Си, во сударот загинале две лица.

„Амтрак“ единствено соопшти дека меѓу патниците има повредени.

Возот се движел на линијата Њујорк – Савана, во државата Џорџија. Тој се судрил во багер што се наоѓал на шините, по што локомотивата излетала од шините.

Несреќата се случила во Честер, на околу 25 километри од Филаделфија.

Според „Амтрак“ , во возот имало 341 патник и седум вработени на компанијата.

Спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата, а надлежните органи веднаш почнале истрага.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска