Ворен Бафет донираше над 2,9 милијарди долари за хуманитарни цели

Од:

Познатиот светски инвеститор Ворен Бафет донираше акции вредни приближно 2,9 милијарди американски долари од конгломератот „Беркшир Хатавеј“ на четири семејни организации и на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, што е последен, но не и најголем придонес согласно неговиот план да го подели своето богатство.

Донацијата на Бафет се состоела од 15,97 милиони акции од класата Б на „Беркшир Хатавеј“. Со тоа износот на донации за хуманитарни цели се зголеми на повеќе од 37,4 милијарди американски долари откако Бафет, кој на 30 август ќе наполни 90 години, почна да ги дели своите акции во 2006 година.

80 проценти од донациите одат во фондацијата на Гејтс. Остатокот е наменет за фондацијата „Сузан Томпсон Бафет“, именувана по покојната сопруга на Бафет, и за хуманитарните организации кои ги водат неговите деца Хауард, Сузан и Питер – Фондацијата Хауард Г. Бафет, Фондацијата Шервуд и Фондацијата НоВо.

Најголемата донација на Бафет изнесувала 3,61 милијарди американски долари во 2019 година кога цената на акциите на „Беркшир Хатавеј“ биле повисоки.

Иако Бафет донираше 48 проценти од своите акции, тој сепак поседува околу 15,2 процента од Омаха, конгломерат од Небраска, и контролира речиси една третина од гласачката моќ на компанијата.

Списанието „Форбс“ вчера објави дека Бафет сè уште има 71,4 милијарди американски долари и е седми најбогат човек во светот.

Би можело да ве интересира

Апел за помош на малиот Војдан

Не се отворил падобранот: Пет лица во Газа загинаа од воздушната хуманитарна помош

А1он

Третиот конвој со помош влезе во Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Камиони со помош чекаат на Рафах, генералниот секретар на ОН: Два милиони луѓе ужасно страдаат

ЕУ испрати над два милиона евра помош за населението во Пакистан

А1он

Франција испрати 33 тони хуманитарна помош за Украина