Десетици вооружени мажи од милицијата упаднаа во зградата на приватна либиска телевизија во престолнината Триполи.
Тие ја опустошиле зградата на телевизискиот канал Ал Асама и ја искршиле техниката, по што киднапирале дел од персоналот.
Милицијата се уште држи за заложници двајцата највисоки менаџери на приватната телевизија.
Причината за нападот не е позната. Телевизијата Ал Асама е критична кон милиции во Либија. Медиумот е поврзан со поранешниот премиер Махмуд Џибрил.
Прозападно ориентираниот Џибрил е на чело на најголемата коалиција во либискиот Парламент, либералниот Сојуз на националните сили.
Две години по револуцијата, со која беше соборен од власт Гадафи, милициите го пополнија вакуумот што настаната во областа на безбедноста. Вооружените групи дејствуваат неказнето, при што државата смета на нив како паралелни сили за безбедност.