Вооружени мажи се обидоа синоќа да упаднат во зградите на Министерството за внатрешни работи во Триполи и на Либиската информативна агенција.
Либискиот премиер Али Зејдан, изјави дека „пред тие напади нема никогаш да потклекнеме“. Претходно околу 200 вооружени мажи ја блокираа со околу 20 возила зградата на МНР со барање за реформи и да назначи на работа поранешни борци кои помогнаа за симнувањето на режимот на Гадафи.
Тие го запреа движењето пред зградата, не дозволуваа вработени во Министерството да заминат на работните места и бараа да бидат отповикани амбасадорите назначени од поранешниот режим.