Спектакуларна кражба: За три минути однеле дијаманти во вредност од 350 милиони евра

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Наоружени крадци во неверојатна кражба за само три минути украле дијаманти во вредност од 350 милиони евра, од швајцарски патнички авион, на аеродромот во Брисел.

Четворицата наоружани мажи дошле во моментот на транспортот на пратката, која се пренесувала во патнички авион на компанијата „Свис“.

-Мажите беа наоружани и маскирани. Не слушнавме пуцање и никој не е повреден, изјави портпаролот на обвинителот во Брисел, пренесува „Ројтерс“.

Крадците со голема брзина заминале од местото на настанот, а полицијата го пронајде запалениот автомобил со кој избегале.

Како што пренесуваат медиумите, тие со два автомобила успеале да се пробијат на пистата на аеродромот до авионот на компанијата „Свис“, а потоа со закана од оружје ја украле пратката со дијамантите, златото и накитот на компанијата „Brink’s Diamond & Jewelry“.

Полицијата работи на откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски