Вооружени престрелки започнале денеска во близина на аеродромот во либискиот главен град Триполи, тврдат локални жители.
Според нив, од патот кон аеродромот се слушаат истрели, а експлозии одекнуваат и во други делови на Триполи.
Конфликтот веројатно е меѓу поранешните бунтовници од градот Зинтан, кои го контролираат аеродромот, и нивните противнички групи кои употребуваат ракети.
Судирите избувнаа откако исламистички милиции повикаа на социјалните мрежи да бидат протерани поранешните бунтовници од Зинтан од објектите во главниот град кои се под нивна контрола.
Времените либиски власти не успеваат да им спротивстават на различните групи на поранешните бунтовници, кои учествуваа во соборувањето на режимот на Муамер Гадафи и одбиваат да се разоружаат.