Вооружен упад во либискиот Парламент за време на изборот на нов премиер

Од:

Вооружени лица упаднаа денеска во либискиот Парламент, при што отвориле оган и го прекинале изборот на нов премиер на земјата.

Порпаролот на законодавниот дом Омар Хмејдан во изјава за западните медиуми тврди дека во нападот има неколку ранети

Според непотврдени информации, напаѓачите биле поврзани со поразениот кандидат за премиер.

Очевидци виделе дека пратенциите бегаат од Парламентот.

– Заседанието на Парламентот е прекинато и одложено за следната недела, изјави народниот претставник Тахар Мокни.

Либискиот Парламент минатиот месец му изгласа недоверба на премиерот Али Зејдан заради сомнежи за корупција и други злоупотреби.

Министерот за одбрана Абдула ат Тани положи заклетва за вршител на должноста премиер на Либија.

Либија е зафатена од насилство и хаос откако во 2011 година во вооружениот бунт беше соборен и убиен долгогодишниот шеф на државата Моамер Гадафи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски