Вонземјански живот би можел да биде откриен во следните 40 години

Од:

Кралскиот астроном Мартин Рис, претседател на британското Кралско астрономско друштво тврди дека вонземјански живот, подалеку од нашиот соларен систем, може да биде откриен во следните 40 години.

Според неговото објаснување, станува збор за прашање кое со векови ги опседнува научниците, астрономите аматери и обичните луѓе, за тоа дали Земјата е единствената на која има живот и живи организми. Кралскиот астроном верува дека сегашниот развој на астрономијата значи дека астрофизичарите би можеле да дојдат слики за оддалечените планети, надвор од нашиот сончев систем, веќе до 2025 година, што значи дека, потенцијално, тие во следните 12-13 години, може да откријат дали на нив има живот.

Сознанијата за потеклото и корените на тој живот, местото каде тој живот постои, како и дали има вонземјани, ќе биде исклучително важно за откривање и сознавање во следните четири децении, изјави на едно предавање во Лондон, бритабскиот кралски астроном, Мартин Рис.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата