Поради шумските пожари кои избија во Индонезија, во шест провинции во Индонезија прогласени е вонредна состојба и распоредени се илјадници припадници на безбедносните сили за да се борат во огнената стихија, изјави денеска портпаролот на Националната агенција за борба со катастрофи Агус Вибово.
Според него, неколку пожари се воочени со помош на водени сателити на островите Суматра и Борнео, поради што е влошен и квалитетот на воздухот во провинциите со околу 23 милиони жители.
Во гаснењето на пожарите, кои зафатија околу 30.000 хектари шума, распоредени се 6.000 службеници, како и 17 хеликоптери кои досега исфрлија над 61 милиони литри вода.