Вонредна состојба прогласена во Либерија поради еболата

Од:

Либерија прогласи вонредна состојба поради епидемијата на смртоносната ебола. Претседателката на Либерија, Елен Џонсон Серлиф ноќеска прогласи вонредна состојба во државата и предупреди дека се потребни вонредни мерки „заради самиот опстанок на државата“.

Либерискиот парламент денеска ќе ја ратификува одлуката, а истото ќе го направат и во Сиера Леоне каде вонредната состојба е прогласена минатата недела.

Серлиф најави дека вонредната состојба ќе трае најмалку 90 денови.

– Размерите на епидемијата, заразноста и стапката на смртност од тој вирус надминуваат капацитети на која било владина агенција или министерство, изјави таа.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски